петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Се преврте излетнички брод во Црното море и две лица загинаа: Имал капацитет за 20, а превезувал 55 лица

Се преврте излетнички брод во Црното море и две лица загинаа: Имал капацитет за 20, а превезувал 55 лица

Две лица загинаа кога се преврте руски излетнички брод со 55 лица во Црното море.

Како што јави руската новинска агенција, „ТАСС“, причината за несреќата е најверојатно тоа што бродот бил преполн.

-Бродот е направен во 2008 година и тогаш беше предвидено да превезува 12 лица, вклучувајќи го и екипажот. Времетраењето на бродот изнесуваше шест години. Првиот сопственик го продаде пред осум години и пловилото беше ремонтирано, по што максималниот број луѓе кои можеше да ги собере е 20 лица, изјави дизајнерот на бродот Дмитриј Сребни.

Во моментот на несреќата, на бродот имало 15 деца.

Полицијата покрена истрага, а уапсени се сопственикот и капетанот на бродот.