недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Се вратил на местото на злосторството, уапсен главниот осомничен за пожарите во Грција

Се вратил на местото на злосторството, уапсен главниот осомничен за пожарите во Грција

Грчката полиција како главен осомничен за пожарите во Атика уапсила 65 годишен маж .

Мажот, чиј идентитет не е објавен, наводно е жител на град во северниот дел од Атика.Според зборовите на неговите соседи, и во минатото тој палел ѓубре и суви гранки,  а пред обвинителството сведочеле девет лица кои го сметаат за одговорен за предизивикување на пожарот.

Осомничениот наводно палел трева и суви гранки на ридот над градот кога огнот брзо ја зафатил и останатата вегетација. Поради високите температури и силните ветрови, огнената стихија брзо се проширила.

Телевизијата Скај пренесува дека откако сфатил каква размери добива огнот, а особено по трагичниот биланс, осомничениот маж се обидел да ги прикрие трагите со земја и вода на почетната точка каде бил предизвикан пожарот.