Семејна трагедија се случила вчера вечер кога од балкон во зграда во Бања Лука, паднало десетгодишно дете и во болница им подлегнало на повредите.
Потоа во текот на ноќта мајката извршила самоубиство.
Несреќата се случила нешто пред 20 часот кога 10-годишното дете паднало од четвртиот кат на зградата.
-Детето со возило на Итната медицинска помош е пренесено во Универзитетскиот клинички центар во Република Српска, каде во 20:55 починало, велат од полицијата за српските медиуми.
Телото на 39-годишната мајка е пронајдено во текот на ноќта. Кога дознала оти нејзиниот син подлегнал на повредите, таа побегнала, а потоа е најдено нејзиното тело.