петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Шефовите на дипломатиите на ЕУ в понедленик за дијалогот Белград-Приштина

Шефовите на дипломатиите на ЕУ в понедленик за дијалогот Белград-Приштина

Министрите за надворешни работи на Европската унија ќе разговараат за состојбата во дијалогот меѓу Белград и Приштина на состанок во Луксембург в понеделник, на 12 октомври, најавено е во Советот на ЕУ.

Специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, потоа треба да ги посети Белград и Приштина,јави Танјуг.

В понеделник, Лајчак за првпат во својот мандат ќе ги информира шефовите на дипломатиите на ЕУ за постигнатото досега во рамките на обновениот дијалог меѓу Белград и Приштина. Од продолжувањето на дијалогот во јули 2020 година, на високо политичко ниво одржани се три средби помеѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти.

Одржани се и пет рунди експертски разговори, предводени од главните преговарачи Марко Ѓуриќ и Скендер Хисени. (МИА)