Мобилниот телефон пронајден во џебот од неговите панталони, кога телото на Матеј Периш во средата беше извлечено од Дунав кај Ада Хуја во Белград, конечно можеше да одговори на прашањето – зошто младиоит човек од Сплит истрча од клубот Готик ноќта во маица на кратки ракави, трчал низ улиците, па се симнал до реката каде подоцна се удавил, како што било утврдено со обдукцијата.
Како што објаснуваат телекомуникациските експерти за Блиц.рс, од пронајдениот телефон најверојатно може да се извлечат речиси сите податоци, иако телефонот е во вода речиси пет месеци, а најважни се фотографиите и снимките од кобната ноќ.
Потрагата по Матеј Периш од Сплит, кому му се губи секаква трага за време на новогодишната прослава во Белград на 31 декември 2021 година, по пет и пол месеци конечно беше прекината, откако неговото тело беше пронајдено во Дунав, кај Ада Хуја. Обдукцијата ја разреши мистеријата за начинот на смртта на Матеј и беше утврдено дека 27-годишниот Сплитчанец се удавил во ледениот Дунав, но главното прашање – зошто Матеј таа вечер ги оставил пријателите, истрчал од клубот и потоа влегол или паднал во водата, може да се откртие само преку анализата на неговиот телефон. телефон.
„Картичката може да се зачува и од неа да се извлечат податоци“
Според форензичарот Бранислав Благојевиќ, најважно за почеток е состојбата на телефонот кој е пронајден заедно со телото и дали има механички оштетувања на истиот.
„Во 99 проценти од случаите во кои сум работел со вакви или слични телефони, ништо не останало од телефонот, особено ако толку долго бил во вода. Но, картичката и по толку време може да се спаси, а МВР да чита податоци од неа, особено оние од последните неколку дена што особено ќе значат во истрагата“, изјави Благојевиќ за Блиц.рс.
Што се однесува до самите картички, судскиот вештак Миле Петровиќ објаснува дека одредени научни институции ги испитуваат, а самата процедура трае околу три месеци.
„Картичката може да се исчисти од кал, вода, се. Самата процедура трае околу еден месец, но, судејќи според притисоците на медиумите и целата заинтересирана јавност, веројатно ќе трае уште пократко во случајот со Матеј“, вели Петровиќ.
За истрагата на пронајдениот телефон на Матеј важни се и базните станици кои го следат движењето на корисниците на паметни телефони, па и тие ќе бидат земени предвид при расветлувањето на овој случај.
„Податоците од базната станица се многу точни, нема грешка со нив. Имаме неколку илјади базни станици во Белград, па каде и да си ќе бидеш лоциран, а тоа нема врска дали си наш или странски државјанин. Овие базни станици регистрираат околу 60 параметри, најважни се оние кои се занимаваат со сообраќај, додека кај Матеј веројатно сите останати се проверени“, вели Благојевиќ.