Силен пожар избувна на крузерот МСЦ Лирика денес околу 15:30 часот. Големиот брод кој плови под знамето на Панама е закотвен пред пристаништето Крф во Грција, пренесуваат регионалните медиуми.
Екипажот на бродот, 51 лице, беа навремено евакуирани. Сите се на безбедно. Немало патници на крузерот.
„Силен црн чад и пламен се појавуваат од десната страна на бродот кој е закотвен на Крф“, наведе очевидците.
Противпожарен брод пристигнал до крузерот и пожарникарите се обидуваат да го совладаат огнот.
Локалните медиуми објавија дека пожарот започнал од местото каде што биле поставени два спасувачки чамци на палубата.
Причината за пожарот не е позната.