петок, 22. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Силен земјотрес ја стресе Грција

Силен земјотрес ја стресе Грција

Земјотрес со јачина од 4,9 степени, според првичните процени на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистриран во 14.30 по локално време во централниот дел на грчкиот остров Евија, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот со долго траење и силен интензитет освен на Евија, беше почувствуван и во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Засега нема информации за повредени или за материјална штета.