понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Силен земјотрес ја стресе Грција

Силен земјотрес ја стресе Грција

Силен земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди јужна Грција.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил на 71 километар јужно од Атина.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 31 километар.

Геодинамичкиот институт на Грција соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени, на 39 километри од островот Китнос.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.