вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Силен земјотрес предмалку ја стресе Грција (ФОТО)

Силен земјотрес предмалку ја стресе Грција (ФОТО)

Силен земјотрес со јачина од 4.0 срепеи според Рихтер ја погоди Грција во 11 минути пред 12 часот според наше или 12 и 49 минути по локално време. Епицентарот на земјотресот е на 84 километри југозападно од Лариса.

Земјотресот беше значително почувствуван поради тоа што се случи прилично плитко на само 2 километри длабочина. Засега нема информации за материјална штета.

Во последно време земјотресите зачестија во целиот овој балкански регион, а сличен силен земјотрес исто така ја погоди Грција пред неколку дена, односно на втори месецов. Земјотрес со јачина од 4.5 степени според Рихтер, епицентарот на овој земјотрес беше на 7 километри источно од Тиваи и беше на само 2 километри длабочина.

Извор: Скопје24.мк