Силниот земјотрес кој денеска ја стресе Грција ја потресе и Турција, особено го почувствуваа жителите на градот Измир каде има и срушено згради.
Епицентарот бил во близина на турското крајбрежје, но земјотресот беше почувствуван речиси во сите делови на Грција.
İzmir’de #deprem sonrası iddia edilen bir başka görüntü. pic.twitter.com/DD3m5XG0Y8
— BPT (@bpthaber) October 30, 2020
Според Геодинамикиот институт на грчката Национална опсерваторија епицентарот на земјотресот бил на 19 километри северозападно од грчкиот остров Самос.
Епицентарот е во близина на турското крајбрежје, но земјотресот беше почувствуван речиси во сите делови на Грција.
Земјотресот стресе и дел од Турција на Егејското море, пишуваат грчките медиуми.
Потресот се случил 17 километри во морето западно од провинцијата Измир во Турција.
Засега нема информации за жртви, но Би-Би-Си пишува дека во турскиот град Измир се оштетени згради.