петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Скандал поради српско знаме во Претседателството на БиХ, Комшиќ ќе го пријави Додик

Скандал поради српско знаме во Претседателството на БиХ, Комшиќ ќе го пријави Додик

Хрватскиот и бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Желко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, денеска најавија дека ќе го пријават својот српски колега, Милорад Додик,  кој во државните канцеларии на врвот внесе знаме на Република Српска (РС), со што го прекршил законот.

Додик претходно влезе во свечената сала на Претседателството, во која ги прими акредитивите на новиот амбасадор на Србија, го внесе знамето на српскиот ентитет, иако е тоа спротивно на Законот за знамето на БиХ и правилата за работа на државниот врв.

Законот предвидува дека при прием на амбасадор треба да се истакне само знамето на БиХ и знамето на државата од која доаѓа амбасадорот.

Членовите на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, нема да толерираат неодговорност, ароганција и кршење на законите, што денеска беше искажано од претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик. Со денешната постапка, Додик ја оцрни церемонијата на предавање на  акредитивните писма и ја наруши меѓународната репутација на Претседателството на БиХ, се вели во заедничкото соопштение на Комшиќ и Џаферовиќ.

Двајца официјални претставници велат дека Додик и неговите вработени во канцеларијата свесно ги игнорирале предупредувањата на службата за протокол дека поставувањето етнички знамиња не е дозволено и известија дека својот српски колега ќе го пријават за кршење на Законот за знамето на БиХ.

МИА