Страшни сцени се видени на натпревар од пониските лиги на Србија, поточно во Војводина, каде навивач влегол со сатар на теренот.
Натпреварот меѓу Сремац и Слога Вогањ се играше во Деч, а беше прекинат со расправија и влегување на еден од локалните навивачи со ладно оружје.
Се играше Сремската лига, имаше расправија и гужва околу судијата кога еден од гледачите ја прескокна оградата и дојде сам да се пресмета.
Натпреварот беше регистриран со 0:3 во корист на гостите, а казната се уште не е утврдена.
Повредени немало, а останатиот дел од публиката успеал да се пресмета со младиот човек.
Pa ovo samo u Srbiji ima, čovek sa nožem ulazi na teren da preti… pic.twitter.com/BezvqjfHZT
— Čendler (@CendlerBing) April 3, 2023