Словенечката Влада одлучи да го забрани возењето на велосипед од една општина во друга, освен ако тоа некој го користи како превозно средство за да стигне до работното место, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Ова информација ја соопшти министерот за внатрешни работи Алеш Хојс, откако минатиот викенд граѓани масовно ги користеа велосипедите за рекреација и се возеа низ целата земја.
Според лекарите изминатиот викенд имале многу работа поради повреди од адреналински спортови што дополнително им ја компликува борбата со епидемијата на коронавирусот.
Поради масовното кршање на правилата и препораките на граѓаните им се ограничи движењето само во општините каде што работат.
Исклучок е доколку се патува за работа или за помош на стари и изнемоштени лица.