Словенечка телевизија му даде отказ на спортски новинар кој криумчарел мигранти од Пакистан.
Новинар на водечката комерцијална телевизија ПОП-ТВ е притворен откако полицијата минатата недела во неговото возило открила четворица мигранти од Пакистан.
– Изразуваме жалење поради тој настан. За постапката на нашиот новинар од спортската редакција надвор од работното време не бевме известени, а не знаеме ниту за евентуалните лични околности во кои се нашол, соопшти ПОП-ТВ.
Новинарот, чиј идентитет не се открива, добил отказ и му се заканува казна затвор до пет години.
Локалните медиуми наведуваат дека тој почнал да се занимава со криумчарење илегални мигранти поради финансиски проблеми.