Според словенечката телевизија, премиерот добил смртни закани во пратка која била испратена на негова приватна адреса, што е потврдено и од кабинетот на премиерот.
Полицијата го истражува случајот.
Медиумите објавија дека Јанша и Тонин во петокот добиле писма на нивните адреси, кои содржеле смртни закани и во нив се наоѓала „муниција од поголем калибар“, а закани биле упатени и до членовите на семејството на Јанша.
Се наведува дека ова не е првпат на ваков начин да му се закануваат на словенечкиот премиер.