четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Словенија: Досега потврдени 35 случаи на мајмунски сипаници

Словенија: Досега потврдени 35 случаи на мајмунски сипаници

Во Словенија досега се потврдени вкупно 35 случаи на мајмунски сипаници од првиот случај во мај, соопшти денеска Националниот институт за јавно здравје.

Податоците на Институтот покажуваат дека една третина од луѓето се заразиле во странство – во Шпанија, Италија и Босна и Херцеговина.

Уште една третина се заразила во Словенија, додека за останатиот дел од пациентите сè уште не е познато каде се заразиле.

Мајмунските сипаници почнаа да се шират од Западна и Централна Африка, каде што болеста е ендемична.

Последните податоци на СЗО покажуваат дека се потврдени повеќе од 18.000 случаи на инфекција и пет смртни случаи во 78 земји ширум светот.