Словенечкиот парламент на денешната седница го усвои амандманот со кој се дозволуваат истополови бракови и усвојување деца во истите, по одлуката на Уставниот суд.
Словенија е првата земја во Источна Европа која усвои ваков закон, додека мнозинството земји во регионот не дозволуваат граѓански истополови заедници и бракови.
Во соседна Унгарија зборувањето за хомосексуалност пред малолетници од претходната година дури и парично се казнува.