среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Словенија ќе ја прошири оградата за заштита од мигранти кон Хрватска

Словенија ќе ја прошири оградата за заштита од мигранти кон Хрватска

Словенија ќе ја прошири оградата на границата со Хрватска, со цел да спречи илегална миграција, објави денеска министерот за внатрешни работи Алеш Хојс. За време на посетата на Савињската област, што се протега од хрватската до австриската граница, Хојс ја разгледа ситуацијата на границата со Хрватска и како се контролира, најавувајќи поставување на неколку десетици километарска ограда против мигрантите.

Од големата миграциска криза од 2015-2016 година, кога Словенија започна да поставува бодликава жица, таа веќе се протега на повеќе од половина од должината на меѓусебната граница меѓу двете земји.

– Владата е во завршна фаза на потпишување договор за поставување десетици километри нова гранична бариера на јужната граница, изјави Хојс, додавајќи дека работата може да започне за две до три недели.