недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Словенија од понеделник воведува задолжителен карантин

Словенија од понеделник воведува задолжителен карантин

Од понеделник, Словенија ќе издава решенија за задолжителен карантин на оние што доаѓаат од „црвените“ зони на сите гранични премини со Хрватска, потврди денеска министерот за внатрешни работи Алеш Хојс.

Станува збор за словенечки државјани или странци кои живеат во Словенија кои живееле во земји на „црвената листа“, со висок ризик поради епидемијата, како што се Србија, БиХ, Македонија, Косово и Црна Гора, а транзитираат низ Хрватска.

Изминатите три дена Словенија има регистрирано 19 нови случаи на заразени дневно, а владиниот портпарол Јелко Кацин денеса рече дека сите нови случаи биле од веќе познати жаришта, дека инфекцијата е потврдена со тестирање додека биле во изолација.