Словенечкиот министер за здравство Томаж Гантер најави денеска дека првите доброволни масовни тестирања ќе почнат веќе од следната недела, пред божиќните празници, а од почетокот на следната година тестирањето ќе биде достапно и до граѓаните.
Гантер објасни дека околу 60 брзи тестови ќе се направат во еден час, како и дека тестирањата ќе се спроведуваат по десет часа дневно.
Кога ќе бидат подготвени најавените 100 единици за брзо тестирање, масовните доброволни тестирања ќе бидат овозможени низ Словенија.