Словенката Аленка Артник го урна светскиот рекорд во слободно нуркање, откако успеа во еден здив да се нурне на длабочина од 114 метри.
38-годишната Словенка, со една пераја на нозете, го задржа здивот цели три минути и 40 секунди пред да исплива од водата.
Новиот рекорд го постави во египетското летувалиште Шарм ел шејк. Таа е старо-нова светска шампионка во оваа дисциплина и го поправи рекордот за еден метар..