сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Служењето воен рок во Словенија може да се врати веќе во септември

Служењето воен рок во Словенија може да се врати веќе во септември

Служењето воен рок во Словенија  може веќе во септември да стане реалност, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Словенечкото Собрание утре ќе расправа за повторното воведување на воениот рок, што во ново законско решение веќе го преточи СДС (Словенечка демократска партија).

Словенечките медиуми коментираат дека тоа што пред само неколку месеци изгледаше како научна фантастика, сега може да стане реалност уште во септември, а причината е формирањето на нова Влада на чие чело ќе биде Јанез Јанша кој е силен поддржувач на оваа идеа.

Инаку, новите коалициски партнери на СДС, Партија на модерниот центар и Партијата на пензионерите ДеСус, се изјаснија дека сега не се подготвени да го поддржат овој закон.