Поради обилните снежни врнежи и големиот пад на температурата во Грција, училиштата и продавниците се затворени, сообраќајот во Атина е отежнат, а многу јавни служби и бизниси се префрлаат на работа од далечина.
Поради невремето Барбара, кое беснее низ земјата, сообраќајот е во прекин на некои централни автопати и на државниот пат што ја поврзува Атина со централна Грција, јавува Ројтерс.
Некои метро станици во близина на меѓународниот аеродром во Атина исто така беа затворени, а железничката линија за Солун во северна Грција беше суспендирана.
Спасувачките и противпожарните екипи евакуираа четири лица чии автомобили се заглавија во снегот во атинското предградие Аспропиргос, а властите ги повикаа граѓаните да избегнуваат патувања, јави државната телевизија ЕРТ, најавувајќи дека студеното време ќе трае до утре.