вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Сосетка на напаѓачот во Цетиње: Беше многу чуден, а брат му се обеси

Сосетка на напаѓачот во Цетиње: Беше многу чуден, а брат му се обеси

Првата соседка на Вук Бориловиќ, кој вчера уби 10 лица и повреди шест во Цетиње, открива каков бил нејзиниот сосед кој беше застрелан за време на вчерашната драма.

– Има некое зло во Цетиње. Сите сме со наведнати глави. Ѕверот уби и деца, нема оправдување. Завиени сме во црно. Прво ги убил децата… Тие деца си играа со неговите. Каква е таа судбина, вели соседката.

Во разговор со српски „Курир“ зборувала и за неговото семејство.

– Никој не му направил ништо лошо. Цело семејство се чудни, не е само убиецот. Неговиот брат се обеси пред 15 години. Тоа остави голема трага на целото семејство Бориловиќ, раскажува соседката.