По караница, синоќа околу 23 часот во Призрен, постар маж си ја убил сопругата. Жртвата е мајката на советничката на досегашниот премиер Рамуш Харадинај.
Првичната истрага покажала дека мажот, кој инаку е очув на советничката, ја убил жената во семејната куќа во Призрен со 15 куршуми. Причина за убиството најверојатно е љубомора.
Ќерката Диелза Хоти со потресен статус се простила од нејзината мајка.
-Почивај во мир, мама, ангелу мој, напишала Диелза крај фотографијата на која е со нејзината мајка.