понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Србија повторно е единствената во регионот што не ги почитуваше мерките на ЕУ поради Украина

Србија повторно е единствената во регионот што не ги почитуваше мерките на ЕУ поради Украина

Србија повторно е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ од Западен Балкан која не ја почитуваше новата одлука на Советот на ЕУ за рестриктивни мерки поради поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина, пренесе Бета.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска соопшти дека на 14 ноември Советот на ЕУ ја усвоил Одлуката 2022/22331 со која се дополнува одлуката на Советот од 2014 година со додавање на две лица и два ентитета на листата на физички лица, субјекти и тела подложени на рестриктивни мерки за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина. Како што се наведува во соопштението, земјите кандидати за членство во ЕУ – Северна Македонија, Црна Гора, Албанија, Украина и Босна и Херцеговина како потенцијален кандидат – се усогласени со одлуката на Советот на ЕУ. Се усогласуваат и земјите од ЕФТА Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.

Тие земји ќе се погрижат нивните национални политики да бидат во согласност со одлуките на Советот, а ЕУ ја забележува таа посветеност и ја поздравува, додаде Борел во изјавата. Србија е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ од Западен Балкан која не ги почитуваше петте претходни одлуки за рестриктивни мерки поради Украина, донесени во јули и септември. Тоа не беше во согласност ниту со одлуката на Советот на ЕУ од јули за спроведување на специјални мерки во борбата против тероризмот, ниту со одлуката на Советот на ЕУ за рестриктивни мерки против Иран донесена во јуни.