понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Србија прва во регионот, до сега вакцинирани речиси 1,8 милиони луѓе

Србија прва во регионот, до сега вакцинирани речиси 1,8 милиони луѓе

Во Србија досега се дадени 1.792.912 дози вакцини против коронавирус, а 647.019 лица ја примиле и втората доза, покажуваат најновите податоци на Владата на Србија.

Србија е убедливо прва во регионот според бројот на вакцини на милион жители, по што следат Унгарија, Словенија, Романија, Хрватска, Бугарија, Албанија и Црна Гора.

Исто така, Србија е прва во регионот според бројот на дадена втора доза на милион жители, по што следуваат Романија, Унгарија, Словенија, Хрватска, Бугарија и Албанија.

Според вкупниот број вакцини и ревакцинации, Србија е втора во регионот, по Романија.

Во однос на бројот на оние кои примиле втора доза на вакцина на милион жители, Србија е прва во Европа, а кога станува збор за бројот на ревакцинации на милион жители во светот, Србија е на шестото место, по Израел, Сејшели, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и САД.

Кога станува збор за бројот на вакцинации на милион жители, Србија е на осмото место во светот – по Израел, Сејшели, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија, САД, Малдиви и Чиле, и на второто место во Европа, по Велика Британија.