Дел од воено- полициските сили на Србија од вечерва се наоѓа во највисока борбена готовност откако српскиот министер за внатрешни работи Братислав Гашиќ издаде наредба за подигање на целосната борбена готовност на сите единици на српската полиција.
-Согласно наредбата на претседателот на Републиката и врховен командант на Армијата и вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, наредив целосна борбена готовност на сите единици на МУП, Жандармеријата, САЈ и полициската бригада, веднаш штом ќе бидат ставени под команда на началникот на Генералштабот и ќе ги заземат назначените позиции предвидени со оперативниот план“, рече министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ откако претседателот Вучиќ нареди да се преземат сите мерки за заштита на српскиот народ на Косово и откако косовската влада и нареди трансфер на косовските сили на северот на покраината.
Претходно во јавноста се обрати и претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој рече дека српскиот народ се наоѓа во тешка ситуација, но дека тој и властите во Белград ќе направат се да се зачува мирот и стабилноста.
-И не само тоа, како да го заштитиме нашиот народ на северот на Косово . Откако Албанците се вооружија и ја подигнаа нивната борбена готовност, ќе ги преземам сите мерки да го заштитам нашиот народ и да ја спасам Србија, рече Вучиќ.