сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

СРБИЈА ЗАВИЕНА ВО ЦРНО: Денеска 10 погреби- последно ЗБОГУМ за убиените лица

СРБИЈА ЗАВИЕНА ВО ЦРНО: Денеска 10 погреби- последно ЗБОГУМ за убиените лица

Србија завиена во црно, се закопуваат дел од децата и жртвите од крвавиот пир во училиштето „Владислав Рибникар“ и масакрот во Младеновац, каде животот го загубија вкупно 17 лица за 48 часа.

Дури 10 погреби денеска се одржуваат на гробиштата во Србија. Солзи, лелеци, бледи лица и една порака да не се повотри никогаш повеќе.

Во Белград, четворицата ученици и училишниот чувар кои беа убиени во престижното основно школо од страна на Коста Кевцмановиќ, исто така ученик во тоа училиште, се испратени во вечното почивалиште.

Додека пак, во Мали Орашје денеска беа погребани петмина млади момчиња, кои беа убиени во масакрот кај Младеновац од страна на Урош Блажиќ.

На гробиштата Лешча беше погребан обезбедувачот Драган Влаховиќ, кој трагично загина на 3. Мај. Го испратија стотици луѓе, меѓу кои сегашни и поранешни ученици кои дојдоа да се простат од Драган. Тој беше популарен меѓу учениците и вработените во училиштето во кое работеше како чувар.

Девојчето А.Б. е исто така погребано, а денеска требаше да го прослави 14-тиот роденден. Таа на 3.мај беше една од дежурните ученички која заедно со Драган беа првите жртви на Коста.

Повеќе од 200 луѓе се собраа и пред капелата на Новите гробишта за да го испратат девојчето К.М.(14) која беше убиена на часот по историја.

Инаку, денешните случувања се резултат на убиствата на младото момче Коста кое со два пиштоли и молотови коктели во четвртокот влегло во училиште и убило 8 деца и еден човек од обезбедувањето, по што сам се пријавил во полиција.

Коста е моментално во установа каде се наблудува неговата психичка состојба, а неговиот татко е во притвор.

Вториот масакр го извршил Урош Блажиќ кој во три села кај Младеновац со огнено оружје убил осум, а ранил 14 лица. Тој е приведен во околината на Крагуевц.

Во Србија има денови на жалост до понеделик.