петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Средба Курти – Кернс: Приоритет на Косово по 24 септември е безбедноста на државата и граѓаните

Средба Курти – Кернс: Приоритет на Косово по 24 септември е безбедноста на државата и граѓаните

Косовскиот премиер Албин Курти денеска ја прими британската пратеничка и претседавач со Комисијата за надворешни работи во Парламентот на Обединетото Кралство, Алиша Кернс, на која и се заблагодари за посетата и ѝ изрази благодарност за големата поддршка за Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од кабинетот на премиерот соопштија дека „на средбата беше истакнато оти главен приоритет за Република Косово е безбедноста на државата и граѓаните“.

– Беше речено дека по терористичкиот и криминален напад од 24 септември (во Бањска во северно Косово), извршен од паравоени групи со спонзорство и учество на Србија, казната е пресудна за неповторување, се наведува во соопштението на ОПМ.

Исто така, на средбата „се разговарало за целосната посветеност на имплементацијата на Основниот договор (Брисел, 27 февруари) и неговиот анекс за имплементација (Охрид, 18 март).