понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Српската опозиција преговара за обединување

Српската опозиција преговара за обединување

Српските опозициски партии преговараат за формирање здружена опозиција под името Сојуз за Србија и досега утврдиле 30 програмски точки околку кои ќе се обединат и заеднички ќе дејствуваат, тврди во денешното издание белградски „Блиц“.

Според весникот, договорот по овие точки бил постигнат вчера на средба на неколкумина опозициски лидери на Златибор, што траела повеќе од четири часа.

Договорените точки, меѓу останатото се однесувааѕт на изборните услови, слободата на медиумите, борбата против сиромаштијата и решевање на одноите со Косово.

На средбата учествувале поранешниот белградски градоначалникј Драган Ѓилас, некогашниот шеф на српската дипломатија и актуелен лидер на Народната партија (НС), Вук Јеремиќ, како и првите луѓе на Демократската партија (ДС), Зоран Лутовац, на Левицата на Србија, Борко Стефановиќ и на Српската народна партија, Милан Стаматовиќ.

Според „Блиц“, на „неформалниот дел“ на средбата присутвувале и лидерите на Двери, Бошко Обрадовиќ и на Демократската партија на Србија (ДСС), Милош Јовановиќ.

Весникот тврди дека е извесно оти партијата Двери ќе се приклучи кон опозицискиот блок, додека позицијата на ДСС засега е неизвесна.

Како членка на блокот се споменува и Движењето на слободни граѓани (ПСГ) на Саша Јанковиќ. но тоа засега останува надвор од здружената опозиција, најавувајќи „вистински граѓански европски одговор за Србија“.

МИА