понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Српски киропрактичар му го скршил ‘рбетот на пациент

Српски киропрактичар му го скршил ‘рбетот на пациент

Високото јавно обвинителство во Белград денеска било известено дека на 24 март годинава со возило на брзата помош во Институтот за ортопедија во Бањица од приватната клиника „Баланс медика“ во Белград бил пренесен мажот М.Ѓ. (58), дознава српски Блиц.

М.Ѓ. бил третиран од киропрактичар во приватна клиника поради повреда на вратниот пршлен. За време на третманот, тој се вкочанил и повеќе не можел да се движи. На Институтот му била констатирана скршеница на првиот вратен пршлен, поради што останал неподвижен и веднаш бил ставен во индуцирана кома.

Пациентот починал во саботата на 9 јули во Институтот за ортопедија, а за целиот настан денеска е известено Високото јавно обвинителство во Белград, по што наложило да се изврши обдукција. За евентуалното извршување на кривично дело ќе одговара основното јавно обвинителство.

Киропрактиката не е научно поддржана медицинска дисциплина.