Српското Министерството за семејна грижа и демографија денеска оцени дека Србија се соочува со „исклучително тешка демографска слика“ и факт дека бројот на жители паднал под седум милиони.
„Бројот на починати се зголемува во однос на родените, а само минатата година нашата држава загуби над 74.000 жители, што е град со големина на Зрењанин“, соопшти Министерството по повод Светскиот ден на населението, пренесе Бета.
Бројките за првите шест месеци од годинава покажуваат дека 2022 година, како што наведуваат од министерството, ќе биде уште потешка кога станува збор за демографската слика на Србија.
Тие објаснија дека тие статистики многу се совпаѓаат со оние на најбогатите земји во Европа, од кои ниту една немала стапка на родени од 2,1, што се смета за ниво на едноставна репродукција.