вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Стефановиќ: Нема подготвеност на Приштина да се реши убиството на Ивановиќ

Стефановиќ: Нема подготвеност на Приштина да се реши убиството на Ивановиќ

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, денеска изјави дека Србија е заинтересирана за решавање на убиството на Оливер Ивановиќ, но не гледа подготвеност на косовските власти.

Тој укажа дека нема размена на податоци во врска со случајот и апелираше ЕУЛЕКС посериозно да се вклучи во неговото решавање.

Стефановиќ повика ЕУЛЕКС, косовската полиција и меѓународната заедница да извршат притисок истрагата да оди побргу, како и интензивно да се разменат информации со цел да се откријат убијците и организаторите.

– Србија е заинтересирана да се реши ова убиство и немаме пречка да не учествуваме во тоа, што и да треба да направиме за да дојде до тоа, меѓутоа, не гледам желба од друга страна, рече Стефановиќ.

МИА