четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Страшно: Мигрант силувал девојка во БиХ

Страшно: Мигрант силувал девојка во БиХ

Припадниците на полициската станица во Бихаќ, БиХ, го привеле 23-годишниот А.Д., мигрант од Пакистан, кој е осомничен за силување на 18-годиншна девојка, пренесуваат босанските медиуми.

Од полицијата наведуваат дека во текот на вчерашниот ден, девојката, придружена од нејзината сестра, пријавила дека била силувана од страна на мигрант.

Девојката им кажала на полицајците дека пред неколку денови во Бихаќ запознала двајца мигранти кои ја однеле до непознат стамбен објект, па едниот од нив ја нападнал и ја силувал.

Полицијата го идентификувала лицето и го уапсила.