Судот во Босна и Херцеговина ја запре постапката на изречување на поранешниот претседател на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ на Хрватска, каде што е неправосилно осуден на 6,5 години затвор.
Оваа информација ја потврди адвокатот на Мамиќ, Ивица Рајиќ.
Поранешниот претседател на Динамо по рочиштето во Судот во БиХ изјави дека размислува зошто сето ова му се случува, зашто, како што рече, хрватското државно обвинителство тврди оти фудбалкиот клуб Динамо е оштетен, а Динамо тврди дека не е.
-Едноставно се прашувам кој дел сум јас и од кој проект. Се што може да се прекши во една држава, го прекши Здравко Мамиќ, изјави тој, додавајќи дека државното обвинителство на Хрватска во неговиот случај ги прекршило сите можни закони.