Словенечкиот сурфер по кого се трагаше откако исчезна во морето пред Умаг, синоќа беше пронајден во Италија. Во текот на ноќта и денот во морето поминал 40 километри.
Италијанските медиуми јавуваат дека сурферот, по 26 часа поминати во студеното море, на брегот излегол сам. Откако испливал на плажата Коста деи Барбари, кај местото Систина, оддалечено 19 километри од Трст, отишол во најблиското кафуле, од каде повикале Брза помош, пишува „Ил Пиколо“.
Итно бил пренесен во болница, каде му била пружена лекарска помош поради хипотермија, а во вечерните часови бил пуштен на домашно лекување.
Четириесетиседум годишниот професор Горан Јабланов, исчезна пред два дена за време на попладневните часови со пријателот од Хрватска. Тие тргнале на сурфање кај светилникот во Сардинија.
Набрзо поради силниот јужен ветер, двајцата исчезнале во морето. Хрватот беше пронајден истиот ден вечерта, а за Словенецот се трагаше цели 26 часа. Во потрагата учествуваа спасувачки тимови од Хрватска, Словениј и Италија. Покрај луѓе, беа вклучени и хеликоптери и авиони.