недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Тачи: Светот сега знае дека ОВК не тргувала со човечки органи и дека Жолтата куќа не постоела

Тачи: Светот сега знае дека ОВК не тргувала со човечки органи и дека Жолтата куќа не постоела

Поранешниот командант на ОВК, Хашим Тачи, обвинет за злосторства во Косово и Албанија, денеска пред судот во Хаг, негираше дека ОВК тргувала со човечки органи на затвореници во 1999 година и повтори дека не е виновен за делата во обвинението.

– Светот сега знае, како резултат на овие процеси, дека немало трговија со органи и дека Жолтата куќа никогаш не постоела. Сега знаеме дека јас и ОВК, и народот на Косово и сите Албанци сме ослободени од тоа обвинение, рече Тачи алудирајќи на обвинението во кое не се споменува трговија со органи, пренесува Бета.

Тачи го нарече „застрашувачко“ тврдењето од извештајот на Дик Марти, специјалниот известувач на Советот на Европа, објавен во 2011 година, дека ОВК и тој лично биле вклучени во трговијата со човечки органи.

Обвинетиот рече дека „веднаш побарал меѓународната заедница да спроведе независна истрага“ за тие обвинувања.

– Меѓународната заедница ми одговори дека е неопходен специјален суд за да се укине црниот облак од обвиненија за трговија со органи, кој висеше над Косово … Вистината сега е кажана и црниот облак се крена над Косово, рече Тачи.

Тврдејќи дека неговото „жртвување“ затоа „било вредно“, Тачи нагласи дека очекува на крајот од судењето да биде ослободен од сите обвиненија.