Соседна Србија ја потресе веста за смртта на докторот Миодраг Лазиќ (65) поранешен директор на ургентниот центар во Ниш.
Тој почина од коронавирус, а српскиот народ никогаш нема да го заборави поради една работа.
Имено тој доброволно учествувал во одбрана на Србија каде ја истакнал својата храброст поради која го памети целата држава.
За него дури е снимен и документарен филм насловен како „дневникот на еден воен хирург“.
Филмот е снимен по книгата која ја објави самиот хирург во која опишува дека за време на војната со една нога скршена и во гипс им помага на ранетите и е на операционата маса.
Инсерти од филмот можете да погледнете во продолжение:
https://t.co/ZXXp1SPaV8 pic.twitter.com/UNR6BQDz5q
— αɠ૨εรσ૨ (@SAORomanija) April 14, 2020