сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Тага во домот на хрватскиот премиер, почина неговиот татко

Тага во домот на хрватскиот премиер, почина неговиот татко

По долго и тешко боледување, во саботата вечерта во Загреб почина професорот Марио Пленковиќ, таткото на премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ.

Синоќа во Универзитетскиот болнички центар Загреб, по долго и тешко боледување почина Марио Пленковиќ (1947), татко на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, изјавил за агенцијата ХИНА портпаролот на актуелната Влада, Марко Милиќ.

Соопштено е дека испраќањето на покојниот Марио Пленковиќ ќе биде во кругот на семејството.

Марио Пленковиќ беше редовен професор по информатички науки на Универзитетот во Загреб, а од 2019 година е почесен професор на факултетот во Загреб и на факултетот во Марибор во Словенија.