Српската министерка за транспорт и потпретседателката на владата, Зорана Михајловиќ неодамна тајно се омажила за својот партнер, бизнисменот Владимир Атанасковиќ, пишуваат српските медиуми.
Михајловиќ подолг период се среќавала со Атанасковиќ, а својот приватен живот го криеше од јавноста. Но новиот сопруг неочекувано се пофалил на социјалните мрежи и обелоденил дека се во брак.
Зорана и Владимир се познаваат од средно училиште каде што ја започнале врската. Откако матурирале Владимир заминал во странство, а Зорана во меѓувреме се омажила и родила син. По две децении повторно се среќаваат на една Нова Година и ја продолжуваат врската.
Инаку, Зорана Михајловиќ е една од најатрактивните министерки која плени со својот изглед, но и често е мета на критики на медиумите. Неодамна откри колку килограми ослабнала и дека во слободно време тренира бокс.