сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Татко и неговите мали деца загинаа во превртен чамец кај познат грчки остров 

Татко и неговите мали деца загинаа во превртен чамец кај познат грчки остров 

Татко и неговите четири и пол годишни синови близнаци загинаа откако чамецот со кој што се превезувале, се превртел во текот на ноќта источно од грчкиот остров Самос, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Во чамецот, во кој имало 12 лица, бегалци и мигранти, веројатно тргнал од Турција, а се превртел далеку од брегот. Грчката крајбрежна служба која пристигнала да помогне забележала и извлекла од морето 11 лица, додека по едно лице започнала потрага. Меѓу извлечените лица биле и двете момчиња кои починале додека траело нивното префрлање. Подоцна, било пронајдено и телото на нивниот татко, кој веројатно се удавил во обид да ги спаси неговите синови. Непознато е дали меѓу спасените девет лица, кои биле префрлени на грчкиот остров Самос, е и мајката на загинатите момчиња.

Во спасувачката акција учествувале еден брод од крајбрежната служба, спасувачки брод, брод на Фронтекс и хеликоптер на воената поморница.

Во друга акција, во близина на малиот остров Фармакониси, во текот на ноќта грчката крајбрежна служба спасила 11 бегалци и мигранти.