Во акцијата „Армагедон“ спроведена од српската полиција, уапсени се 18 лица осомничени за педофилија. Осомничените се од југот на Србија и како што информираат српските медиуми, припаѓале на ист „педофилски круг“.
Во рамките на акцијата, претходно е уапсен 44-годишен маж кој ја фотографирал својата малолетна ќерка без облека и фотографиите преку интернет ги испраќал на други педофили од групата.
Се почнало кога на социјалните мрежи се појавиле фотографии од голо девојче, а полицијата дошла до сознанија дека жртвата е од Србија. Покрената е истрага по која полицијата дошла до ужасни сознанија. Откриена е жртвата и сторителот – нејзиниот татко. Девојчето во полицијата раскажало за ужасот низ кој минувала, дека имала сексуални односи со таткото и дека тој ја фотографирал. Осомничениот е уапсен, а девојчето е сместено во згрижувачко семејство.
По апсењето на првоосмничениот, идентификувани се уште пет лица што биле во контакт со него и на кои тој им испраќал фотографии од својата ќерка и тие се приведени. Осомничените се на возараст од 32 до 73 години.
Истрагата продолжува и најверојатно ќе опфати уште неколку лица, наведуваат полициски извори за српските медиуми.