Вистинска трагедија се случила попладнево на плажа во близина на Сплит.
Момче се бањало во морето со девојката, кога наеднаш удрил гром кој го убил. Несреќата се случила на плажата Мутограс околу 18 часот, кога имало невреме со молњи.
Хрватските медиуми, кои се повикуваат на сведоци, пишуваат дека момчето имало 25 години и било од Сараево.
-Громот удри во морето и тогаш слушнав крик. Сфатив дека се случила трагедија. Девојката, иако стоеше до него, не беше повредена и го извлекуваше од морето. Во спасувањето учествуваа многу луѓе, но немаше спас за момчето, изјави една од очевидците на несреќата.
За само неколку минути стигнала и Итната помош, но не можеле да му помогнат на момчето.