петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ТРАГЕДИЈА НА ЛЕФКАДА – се удави 30 годишен турист од Србија

ТРАГЕДИЈА НА ЛЕФКАДА – се удави 30 годишен турист од Србија

Триесетгодишен крагуевчанец се удавил на плажа во Лефкада додека пливал со пријателите, пишува Телеграф.рс.

Според локалната полиција, тој бил извлечен на брегот и веднаш пренесен во болница, но лекарите можеле само да констатираат смрт.

Телото е пренесено во Одделот за судска медицина во Патрас, со цел да се изврши обдукција.

Тој бил на море со својата девојка и двајца пријатели.

Во меѓувреме, грчките медиуми јавуваат дека се удавил 30-годишен странец, без да ја прецизираат неговата националност.