недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Трагедија во Грција, гром усмрти планинар

Трагедија во Грција, гром усмрти планинар

Планинарската трка на планината Фалакро во грчка Драма заврши со трагедија, бидејќи еден од планинарите загинал при удар на гром, додека другиот натпреварувач е во тешка состојба, јави грчкиот јавен сервис „ЕРТ“.

Третиот алпинист, кој цела ноќ останал со загинатиот и повредениот тркач, покажал знаци на хипотермија, а со нив била и жена која во шок била однесена дома.

Во акцијата за спасување учествувале 14 пожарникари со пет возила.

Повредените мажи со хеликоптер биле пренесени во Крисупола, а потоа во болницата во Кавала.

Трката почна во саботата навечер, во подножјето на Фалакрос, а поразениот тим бил блиску до целта кога се случил фаталниот удар од гром. (МИА)