Татко и неговата 15-годишна ќерка починале утрово во ургентниот центар во Општата болница Лесковац како последица на удар од струја, пренесуваат српските медиуми.
-Беа донесени во болницата без знаци на живот. Докторите се обиделе со реанимација, направиле се што можеле, но било доцна, изјавил директорот на болницата Небојша Димитријевиќ.
Таткото починал во 9 часот, а петнаесет минути подоцна и девојчето.
Неофицијално, тие починале од апаратот за молзење на крави, бидејќи биле пронајдени блиску до него.