четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Трагичен крај на потрагата во Хрватска: Загинаа сите патници од авионот кој вчера исчезна по полетувањето од Сплит

Трагичен крај на потрагата во Хрватска: Загинаа сите патници од авионот кој вчера исчезна по полетувањето од Сплит
ФОТО: HGSS - Hrvatska Gorska Služba Spašavanja

Авионот е пронајден на неколку стотини метри од Броќанска коса, а надлежните истакнуваат дека нема црна кутија.

Во падот на авионот Цесна, кој денеска беше пронајден кај Раковица, загинаа сите четворица патници, изјави директорот на хрватската цивилна заштита, Дамир Трут.

– Имаше 400 трагачи и тие ја завршија задачата и го пронајдоа леталото. Веднаш штом беше забележано од воздух, беа испратени копнени сили. За жал, беше потврдено дека сите патници на Цесна загинаа и во тек е полициска истрага, кажа Трут .