Пронајдено е телото на Јована Марјановиќ (54) која исчезна на Златибор, јавуваат српските медиуми.
Нејзиното тело било пронајдено од коњаник на два километри од ценатрот на Златибор. Жената исчезна на 22 декември откако излегла од станот за да се прошета, а по неколку минути телефонот и бил исклучен и од тогаш и се губи секаква трага.
Дел од медиумите јавуваат дека покрај нејзиното тело, неофицијално, биле пронајдени лекови. Обдукцијата треба да покаже која е причината за смртта.