недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Трагично настрада работник во српскиот парламент додека поправал лифт

Трагично настрада работник во српскиот парламент додека поправал лифт

Работник во Народното собрание на Република Србија Н.К. (45) загинал денес во зградата на парламентот додека се обидувал да поправи лифт, пренесуваат српските медиуми.

Според неофицијалните информации на српските медиуми, лифтот ненадејно тргнал и смртно го повредил работникот. Вработените веднаш повикале брза помош, која можела само да ја констатира смртта. Како што објави српски Телеграф, лифтот ненадејно се придвижил и му ја откинал главата на работникот.

Народното собрание на Србија наведе дека сè уште немаат никакви официјални информации. „Само можеме да ви кажеме дека се откажани сите активности на претседателот на Народното собрание. Нема да има состаноци и настани кои беа предвидени за денес“, се наведува.

Увидот е во тек.